Вашингтон обајви дека воведува царини за увоз на алуминиум и челик од Канада, Мексико и Европската унија - по завршување на двомесечното ослободување и откако не доби остапки од своите сојузници.
Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос рече дека царината од 25 отсто за увоз на челик и царината од 10 отсто за увоз на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико ќе стапи на сила на 1 јуни. "Со нетрпение очекуваме да продолжиме со преговорите, како со Канада, така и со Мексико од една страна, и со Европската комисија, од друга страна, бидејќи има и други прашања што исто така треба да ги решиме ", рече Рос.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска рече дека ЕУ ќе објави мерки за "контрабалансирање" како одговор против царините на САД.
Сесилија Малмстром, европски комесар за трговија, рече дека ЕУ сега е подготвена да "поведе предмет за решавање спорови" во Светската трговска организација (СТО).