Владата го објави писмото на Заев до Вселенската патријаршија

Писмото замолница од премиерот Зоран Заев до Севселенскиот патријарх Вартоломеј

Владата го објави писмото - замолница од премиерот Зоран Заев до Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претходно премиерот Заев, од собраниската говорница рече дека тој не побарал „бришење на зборот македонска од името на МПЦ“.

„Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ“, одговори премиерот на пратеничко прашање.

Тој додаде дека во писмото до вартоломеј побарал помош, како што кажа, околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.