Во МВР поднесени 59 пријави за напади врз новинари од 2013 до денес

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на заедничката прес-конференција со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски информираше дека од 2013 до сега се поднесени 59 пријави од граѓани или медуми за физички напад врз новинари, загрозување на безбедноста во вид на закани и говор на омраза.

Според него, најголем број од нападите биле во главниот град каде се пријавени 33 случаи, 19 се во Охрид, два во Струмица, Штип и Велес и еден во Битола. Спасовски посочи дека од 12 поплаки од јуни 2017 само еден случај не е расчистен.

Поповски нагласи дека не постојат никакви оправдувања за никакви притисоци врз новинарите за каков било обид за загрозување на медумските права и слободи и додаде дека има нула толеранција за каков било обид за нарушување на слободата на изразувањето.