Eрокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер профил порача дека ЕУ е охрабена од последната рунда преговори помеѓу Скопје и Атина за спорот за името.
Хан, кој присуствуваше на неформалниот појадок организиран од Бугарија и Австрија со министерот Никола Димитров и европските министри за надворешни работи утрово во Брисел, на својот Твитер профил порача дека состанок бил „плоден“ и дека сите упатиле поддршка за преговарачкиот процес.
„Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан.