Реконструкцијата на Владата на 1 јуни пред пратениците

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи во петок на 1 јуни, точно на една година од формирањето на овој состав на владата на Зоран Заев.

На дневен ред ќе бидат избор на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е избор на заменици министри.

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

За нови министри се предложени Рената Дескоска за правда, Арбр Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардил Даути без ресор. За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.