Земјотреси во охридско-преспанскиот регион

Охрид, поглед

Серија земјотреси во охридско-преспанскиот регион регистрираше по полноќ Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите биле на 85 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентрално подрачје Дебарца.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека два од овие земјотреси и тоа 50 минути по полноќ и 59 минути по полноќ биле со Рихтерова магнитуда од 3.0 и биле почувствувани од населението во селата на Плакенска Планина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Охрид, Струга и Кичево биле почувствувани со интензитет од III стрпени според истата скала.