Во зградата на ОН во Њујорк започна средбата на министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со медијаторот Метју Нимиц.
По завршувањето на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите.
Министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц се темите на преговарачката маса.
Во интервју за грчката телевизија „Скај“, тој рече дека постојат политички и технички предуслови за договор.
Пред новата рунда разговори во Њујорк, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјви дека за Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името.
Вчершната рунда разговори во Њујорк траеше шест часови.
Пред средбата , Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.