Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц се темите на преговарачката маса во Њујорк, според министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, кој смета дека постојат политички и технички предуслови за договор.
Во интервју за грчката телевизија „Скај“, рече дека владата уште пред неколку дена кажала дека името „Илинденска Македонија“ не е повеќе дел од преговорите, а избегна да прогнозира каков би бил исходот од новата рунда разговори.
„Сметам дека постојат и политички и технички предуслови за да стигнеме до договор. Меѓутоа, ова зависи, не само од Грција, туку и од поранешната југословенска Република Македонија“, рече Ѕанакопулос.