Решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со генералниот секретар на ОН, а во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц.
„Јас велам дека сум ниту оптимист, ниту песимист, но имам волја да најдам решение. А треба и другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение. Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите“, одговори Коѕијас на новинарско прашање дали е оптимист за денешната средба со неговиот македонски колега.