Украина обвини 35 фудбалски клубови за местење натпревари

Архива: украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

Украина обвини 35 фудбалски клубови за вмешаност во операции за местење на натпревари, кои наводно донеле милионски заработки за организаторите. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека преку специјална операција е откриено дека две третини од сите тимови во највисоките дивизии на украинскиот фудбал биле вклучени во местење на крајниот исход на натпревари.

„Биле вклучени претседатели на клубови, поранешни и сегашни играчи, судии, тренери и комерцијални организации“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.

Тој рече дека министерството документирало 320 лица вклучени во 57 „докажани случаи“ на местење на натпревари, додавајќи дека пет криминални групи го организирале местењето на натпреварите.

Аваков додаде дека организаторите заработувале над 5 милиони долари годишно преку обложување во Азија на украински фудбалски натпревари, во кои резултато веќе бил одреден.

Украинскиот заменик началник на полицијата изјави дека сепак се уште не се направени апсења. Тој додаде дека обвинителите ќе одлучат дали и кога ќе поднесат обвиненија против организаторите.