Јавниот долг ставен под контрола, тврди министерот Тевдовски

Министерот за финансии Драган Тевдовски изјави дека после повеќе од 10 години, јавниот долг е ставен под контрола.

„После повеќе од 10 години јавниот долг е ставен под контрола, отплатени се дел од старите долгови, зголемена е рочноста на издадените државни хартии од вредност, намалена е каматната стапка и зголемена е довербата кај инвеститорите“, рече Тевдовски на јавната дискусија на Економскиот факултет насловена „Јавните финансии на крстопат“.

Тој информираше дека Владата планира постепена буџетска консолидација, со буџетски дефицит од два отсто на среден рок.