Димитров: Веднаш давам оставка ако тоа ѝ помогне на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на новинарско прашање „каде ја гледа својата одговорност ако не успее преговарачкиот процес за решавање на долгогодишниот спор за името“, на ТВ1 изјави дека е подготен да ја понесе одговорноста ако не успеат преговорите со Грција за името.

„Веднаш ќе потпишам оставка, ако мислам дека тоа ќе и помогне на Македонија и дали ќе биде подобра без мене, дали процесот ќе биде подобар без мене. Прашањето на мојата лична одговорност е имаше ли нешто што можеше да го направам, а не го направив и направив ли нешто што не помогна. И без одговорност, ако има ефект мојата оставка да помогне, апсолутно сум спремен во кое било време да ја поднесам, тоа е поголемо од мене“, одговори Димитров.