Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест. Веста за смртта на 63 годишнит македонскиот алпинист ја потврдил менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа. „Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор“, додал Шерпа. Доктор Георги Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и водач за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј. На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Георги Петков тргна на 24 март годинава, а според планот, требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.