По денешната неколку часовна лидерска средба во Клубот на пратениците, премиерот Зоран Заев, потврди дека дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Софија е Република Илинденска Македонија за севкупна употреба. Во пакетот решение јазикот останува македонски, идентитетот е гарантиран, а за кодовите останува МК и МКД.
"Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Македонис . Заради гаранција за влез во НАТО и ЕУ и гаранција за нашиот идентитетот ќе прифатиме севкупна употреба на предлогот Република Илинденска Македонија", рече премиерот Зоран Zаев.
Тој дополни дека прифатеното решение за севкупна употреба за ова име, за внатрешна употреба ќе се спроведува во фази, и најави дека е предвиден референдум, на што била согласна и Грција.
Истакнуавајќи дека Илиден, е нашата светла иднина, и оти македонскиот Илинден е гаранција за мултиентичка Македонија, Заев побара широка подршка од сите политички партии и од граѓаните од сите националности да дадат подршка за Република Илинденска Македонија.
Тој рече ова е историска шанаса за решавање на повеќе деценискиот спор и ја нарече Четврти Илинден.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба, на која беше запознат со предлогот за промената на името, Република Илинденска Македонија, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е против промената на името.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и на уставното име. Целиот процес се одвиваше тајно, загрозувани беа националните интереси на државата, целта е јасна влез во НАТО и ЕУ, но траекторијата е ризична. ВМРО-ДПМНЕ нема да фаприти промена на Уставот" истакна Мицкоски.
Запрашан да го комнтира предлогот Илинденска Македонија Мицкоски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет во однос на измена на Уставот.
“А предлогот, кој го претстави Заев предвидува промена на Уставот, односно име за севкупна употреба” додаде Мицкоски
Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов по средбата бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот.
Toj нагласи дека процесот мора да се води во рамка утврена од ОН.
Додека се одржуваше лидерската средба пред Клубот на пратениците имаше протести на мала група граѓани, кои порачаа дека нема да прифатат промена на уставното име на Македонија.