По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, потврди дека дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега Алексис Ципрас е Република Илинденска Македонија за севкупна употреба. Во пакетот решение јазикот остнува македонски, идентитетот е гарантиран, а за кодовите останува МК и МКД.
"Заради гаранција за влез во НАТО и ЕУ и гаранција за нашиот идентитетот ќе прифатиме севкупна употреба на предлогот Република Илинденска Македонија", рече премиерот Зоран Zаев.
Заев истакана дека ова е историска шанаса за решавање на повеќе деценискиот спор и ја нарече Четврти Илинден.
Додаде дека предвиден е и референдум, на што била согласна и Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на лидерската средба, на која беше запознат со предлогот за промената на името, Република Илинденска Македонија, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е против промената на името.
"ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и на уставното име. Целиот процес се одвиваше тајно, загрозувани беа националните интереси на државата, целта е јасна влез во НАТО и ЕУ, но траекторијата е ризична. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот" истакна Мицкоски.
Шефот на државата Ѓорѓе Иванов по средбата бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот.
Toj nагласи дека процесот мора да се води во рамка утврена од ОН.