Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди избор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пред нивниот состанок во наредниот месец, да се откаже од нуклеарното оружје и да биде награден со „протекции“ или да ризикува и да биде соборен од власта, а можеби и убиен. Трамп смета дека договорот за состанокот со Ким на 12 јуни во Сингапур и натаму е во сила и покрај заканата на Пјонгјанг дека ќе го откаже самитот поради американското барање за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.