Заев: Прифатлива опција за двете страни е комплетно решение

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас пред денешната средба во Софија 17.05.2018

Доколку не се реши прашањето за името нема да стане збор за никаква дестабилизација на земјата, едно е сигурно, пријателството меѓу Македонија и Грција ќе расте и од тоа бегање нема, довербта е изградена, граѓаните не упатуваат на тоа, тие соработуваат, институциите соработуваат и тоа ќе биде така, но јас верувам дека можеме да најдеме решение.

„Опцијата која секако би можела да биде прифатена од двете страни е комплетно решение. Значи не се работи само за парцијални делови, но секако продолжуваат сега консултациите во двете земји за да видиме дали би можело тоа решение да биде прифатливо за двете страни“, изјави Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј.