Путин на средба со Пашинијан за поблиски односи меѓу Русија и Ерменија

Рускиот претседател Владимир Путин со новоизбраниот ерменски премиер Никол Пашинијан

Рускиот претседател Владимир Путин на новоизбраниот ерменски премиер Никол Пашинијан на нивната средба во Сочи му посакал успех на функцијата и изразил надеж дека билатералните односи меѓу двете земји ќе се развиваат на стабилен начин како и досега.

Пашинијан му се заблагодарил на Путин за балансираната позиција на Москва за ситуацијата во Ерменија. Тој му порачал на Путин дека сака дополнително да се продлабочат односите меѓу двете земји во воената сфера и дека никој не се сомнева во важноста од нивните стратешки врски. Пашинијан беше избран за премиер минатата недела по протестите во земјата.