Малезија има нов премиер, 92 годишниот Махатир

Поддржувачите на Махатир Мохамед ја слават неговата победа на изборите во Малезија

Махатир Мохамед изјави денеска дека е подготвен да стане наредниот премиер на Малезија по победата на изборите над коалицијата која беше на власт во изминатите шест децении откако земјата прогласи независност од Британија. Тој порача дека мора веднаш да се формира Влада и инсистира денеска да положи заклетва на функцијата.

Махатир беше на власт во Малезија од 1981 година до 2003, при што на возраст од 92 години ќе стане најстариот премиер на светот. Неговата коалиција успеа да ја победи коалицијата на премиерот Наџиб Разак кој некогаш беше соработник на Махатир, но потоа тие станаа ривали.