Владините измените во Законот за трговија со кои се укинува ограничување на времето на продажба на алкохол можеби ќе ја зголемат продажбата на алкохол, но одлуката нема да би биде контрапродуктивна во однос на злоупотребата на алкохолот.
Ова се дел од комeнтарите на граѓаните откако границата од 19 часот навечер или 21 часот во лето до кога можеше во продавница да се купи алкохолен пијалок со измените на законот повторно се поместува на неограничено време. Додека многу граѓани во Мaкедонија се бунеа кога беше донесена рестриктивната одредба во 2008 година, сега повторно во јавност има и поделени реакции и незадоволство. Дел од граѓаните коментираат дека владините измени носат повисока толеранција за граѓаните кои сакаат да купат алкохол, додека други сметаат дека претходната забрана ги поттикнувала младите луѓе илегално да купуваат алкохол.
„Прашање на употреба на алкохол е прашање на воспитување што треба да го завршиме дома и на училиште, а не со закони.“
„Јас сум против тоа зашто има доста проблеми со алкохолот да има некој ред. Треба да се реши проблемот“.
„Старо буре, ново дно. Луѓето си купуваа и претходно алкохол колку сакаа или пред време пред 19 часот ќе си купаат и ќе си пијат после. Сега исто ќе биде. Не дека ќе се поттикне алкохолзимот, кој си пие ќе си најде“
„Беше добра забраната зошто по 10 часот деца да купуваат. За нив беше забраната, а сега кој ќе им забрани? Претходната забрана не придонесе, но нешто од нешто се придонесе“
„Купуваа до 7 часот правеа залихи, а сега нема да прават залихи, ќе купуваат“, велат дека од граѓаните на Скопје.
Упатените велат дека претходното ограничување на времето на продажба на алкохот било лицемерно во однос на потребата за намалување на злоупотребата на алкохол особено кај помладите луѓе, а дека општеството било доведено во заблуда дека тогашната влада донела закон и оти тоа е доволно да се реши проблeмот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Тоа е апсолутно контрапродуктивно. Затоа одлуката од 2008 година која ја донесе ВМРО ДМНЕ беше катастрофална за продажаба на алкохол. Алкохол се продавеше, но сега понеквалитетен без фискални каси не смееше да се куца. А младите во Македонија купуваа алкохол и пиеја по паркови и на разни места“ вели Александар Цветковски од невладината организација АГТИС
Тој посочува дека досегашната одлука за ограничување на продажбата на алкохолот беше ретроградна во однос на развиените европски земји. Цветковски нагласува дека ако општеството сака да се бори со проблемот со злоупотребата на алкохолот и последиците кои и натаму се присутни, особено во сообраќајот, во тоа треба да се вклучат училиштата, семејствата и полицијата која треба да остварува и воспитна функција.
„Во Евроапа тоа го нема, најчесто има специјализирани продавници каде се обучувани да не продаваат на деца. Таму државата ставила рака, си зема даноци. Многу се високи даноците. Данокот е брана против тоа да купуваат толку алкохол луѓето.
А во пост-социјалистичките земји сите политичари глумат знаејќи дека какви забрани да донесат, лугето пак ќе си пијат, дали во илегала или легално. Треба да се каже колку сообраќајни несреќи се направени, колку деца загинале на тој начин. Ние со оваа државна репресија само ги стимулираме младите, ефектите се спротивни од она што сака да се постигне“ вели Цветковски
Во врска со поделените реакции во јавноста за одлуката на Владата, Цветковски вели дека кај нас јавното мислење и натаму во голем дел го креираат политичките партии. Тој наведува дека досегашните искуства покажуваат дека партиите имаат заземено стратегија дека треба да се шири одредено тензично расположение и оти не е битно дали една одука е добра или не.
„Тоа е фолклор македонски и ништо не може да биде добро, се треба да биде нападнато“, вели Цветкосвки
Инаку, според Владиниот предлог, продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму треба да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата.
Продажбата на алкохолните пијалоци ќе се дозволи и во киосците. Исто така со Предлог законот не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата.