Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА ги поздрави напорите за изнаоѓање решение за спорот за името. Според него, доколку се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Македонија да стане членка на организацијата.
„Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Македонија да стане членка на Алијансата“, речеСтолтенберг.
Столтенберг порачува дека на вратата на НАТО останува отворена за нови членки и на овогодинешниот самит ќе се разгледаат кандидатурите на Босна и Херцеговина, на Грузија и на Македонија.