Владата на денешната седница го прифатила предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија, чија цел е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти.
Според овој Предлог продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму треба да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Продажбата на алкохолните пијалоци ќе се дозволи и во киосците. Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата.