Тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни соработници има премиерот Зоран Заев ангажирано во својот кабинет. Ова e одговор од Владата што го доби Радио Слободна Европа на прашањата колку вкупно советници и надворешни советници има ангажирано премиерот Заев.
Најбројни се надворешните соработници за кои како што пишуваат од Владата “не предвидува објавување на оглас бидејќи не станува збор за вработување туку ангажман со времен рок”. Во списокот кој го доставија покрај последното назначување на Џезаир Шаќири за соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, се и имињата на поранешниот министер во неколку влади Фатмир Бесими кој е надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст,потоа Драгиша Милетиќ кој е надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците, Миле Зечевиќ, кој е надворешен соработник за адвокатски услуги, Мирослав Грчев, надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.
Премиерот има надворешни соработници и за специфични области како Филип Андов кој е соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје, потоа Горан Николовски, надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив, или Силвио Аврамовски – Надворешен соработник за економски Прашања и Зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.
Во продолжение е целата листа која ја добивме од премиерскиот кабинет:
Посебни советници:
Тања Чачарова Илиевска, посебен советник за правда;
Дане Талески, посебен советник за надворешни работи;
Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Цвета Ласкова, посебен советник за култура;
Драган Јованов, посебен советник за животна средина и просторно планирање;
Љупка Цветкова, посебен советник за администрација;
Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции;
Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност;
Фидан Колев, посебен советник за транспорт и врски;
Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации;
Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции;
Фатмир Битиќи, посебен советник за спроведување на Рамковниот договор;
Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт.
Советници:
Мила Стаменова – Советник за комуникација со министерствата;
Зоран Бојаровски – Советник за медиумски реформи;
Илија Жупаноски – Советник за дигитални комуникации;
Весна Коваческа Трпческа – Советник за информативни активности;
Иванна Хаџиевска Кошевалиски – Советник за протоколарни активности;
Олимпија Христова Заевска – Советник за меѓународна економија и развој;
Ивана Јордановска – Советник за соработка со меѓународни организации;
Христијан Ѓоргиевски – Советник за односи со Собрание на РМ и законодавство;
Светлана Сиљјаноска – Советник за организација на настани;
Сања Богатиновска – Советник за истражувања и анализи;
Надворешни соработници:
Мерсел Биљаљи - Надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи.
Исмет Рамадани - Надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО.
Ванчо Узунов – Надворешен соработник за економски прашања.
Зоран Башановиќ - надворешен соработник за економски прашања.
Александар Обрадовиќ - надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот.
Џезаир Шаќири - Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот.
Фатмир Бесими - Надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст.
Ѓорѓи Калајџиев – Надворешен соработник за комуникации и односи со јавност.
Филип Андов – Надворешен соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.
Владимир Цветковиќ – Надворешен соработник за ИКТ.
Александар Спасов – Надворешен соработник за креирање на јавни политики.
Даниел Димевски – Надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во РМ.
Спасе Додевски – Надворешен соработник за унапредување на образование, здравство и социјална зштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на РМ.
Андреј Манев – Надворешен соработник за урбанистичко планирање и градежништво.
Владо Димовски – Надворешен соработник за економски прашања.
Горан Стаменковски – Надворешен соработник за социјална политика.
Зоран Иванов – Надворешен соработник за градежништво.
Абилгафар Рамадани – Надворешен соработник за странски инвестиции.
Горан Николовски – Надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив.
Митко Андреев - изработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката.
Aљаф Бакхатијар – Надворешен соработник за економски прашања за соработка со Блиски Исток.
Зијад Беќировиќ – Надворешен соработник за економски прашања земји од регионот.
Џелил Ахмед – Надворешен соработник за традицијата, верските и културните идентитети на заедниците во РМ.
Џабир Доко – Надворешен соработник за комуникација со медиуми и односи со јавност.
Љубомир Шубара – Надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции.
Драгиша Милетиќ – Надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците.
Миле Зечевиќ – Надворешен соработник за адвокатски услуги.
Алиса Дограмаџиева Живановиќ – Надворешен соработник за политичко-економски односи на подрачје на САД.
Дејан Николовски – Надворешен соработник за институции меѓу општините и Владата на РМ.
Мирослав Грчев – Надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.
Драган Василевски – Надворешен соработник за одбрана.
Зоран Гавриловски – Надворешен соработник за биро за застапување на РМ пред ЕСЧП.
Силвио Аврамовски – Надворешен соработник за економски Прашања и Зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.