Нема повредени во пожарот, што избувна попладне во подрумски простории на повеќекатница на ул.„Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.
Од Противпожарната бригада наведоа дека пожарот е изгаснат и се работи на расчистување на теренот. Оттаму велат дека поради се уште високата температура во просториите не може да се направи првична проценка на причинетата материјална штета, а дополнитело ќе се утврдува и причината за пожарот.