Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, излезе од притвор по вторпат, потврди за МИА директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски.
Апелациониот суд претходно ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Чавков со недвижен имот во вредност од 600 илјади евра да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор во Шутка.
Чавков е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните во Собранието од 27 април минатата година.