Движењето Беса предводено од Биљал Касами во преговорите за влез во Владата побарало да предводи едно од министерствата. Пратеникот на Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека Касами и во понеделникот имал средба со премиерот Зоран Заев на која му го соопштил барањето. Според Зендели, неделава треба да следува нова средба на која треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.