Шкотска прва во светот воведува минимална цена на алкохолот

Илустрација

Шкотска е првата држава во светот која воведува минимална цена на алкохолот, што значи дека една единица алкохол нема да се продава под 50 пени.

Според објаснувањето на властите, тоа значи дека шише вино од 750 милилитри, кое содржи 13 отсто алкохол, нема да може да се продава за помалку од 4,88 фунти, шише виски од 700 милилитри и со 40 отсто алкохол нема да биде поевтино од 14 фунти, а две литри пијалак, кој содржи пет проценти алкохол за пет фунти.

Ваквата владина мерка треба да обезбеди намалување на голем број смртни случаи на годишно ниво, кои се поврзани со алкохолот.