Причина за испадот на третиот блок на РЕК Битола е експлодиран струен мерен трафо на 400-киловолтниот далновод кон Скопје во трафостаницата Битола - 2 на МЕПСО, информираат од АД ЕЛЕМ.
“Поради тоа во 1:33 часот е исфрлен бочниот прекинувач за заштита на блок 3, со што дојде до испад на блокот. Блокот е синхронизиран во 11:49 часот со електроенергетскиот систем и повторно е пуштен во функција”, соопшти ЕЛЕМ.
Во меѓувреме, како што посочуваат, електрична енергија за тарифните потрошувачи беше обезбедена од другите производни капацитети и немаше прекин или недостаток во снабдувањето.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека “поради неспособност на власта повеќе од 10 часа РЕК Битола не е функционална”.
“Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола ноќеска испадна од мрежа. Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден” наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија тврдат и дека поради незнаењето на власта на СДСМ вчера имало и прекин на дотурот со јаглен за термоцентралата. Тоа како што наведуваат билопоради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола и снабдувањето со јаглен било запрено