Лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг Ун иМун Џае Ин потпишаа декларација со која се согласуваат да работат на комплетна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. На нивниот прв самит по повеќе од една деценија, двете страни соопштија дека ќе работат на договор за воспоставување на постојан и солиден мир на полуостровот.
Во декларацијата е вклучено и ветувањето за намалување на военото вооружување, прекин на непријателските дејства, како и претворање на границата во мировна зона и воспоставување на мултилатерални разговори со други земји, како САД.