Заев - Точно е дека братучед ми е лиценциран производител на канабис

Илустрација: Нива со марихуана во Авганистан

Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“ за да произведува канабис, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев и информира дека вкупната инвестиција ќе достигне повеќе од 10 милиони евра, а во моментов се вработени скоро 30 граѓани од Свети Николе.

Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис, независно дали станува збор за член на семејството Заеви. Тој воедно апелира, секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна.

Тој лично, како што истакна, е поддржувач на вакви работи зашто од производство на лек од канабис државата очекува нови работни места и прилив од 100 милиони евра.

Заев рече дека досега се издадени осум лиценци за производство, а уште четири или пет се во процедура.