Заев немал конкретни докази, туку индиции за „Монструм“

Премиерот Зоран Заев во Собранието на РМ

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро порача дека во таканаречените бомби немало конкретни докази, туку сериозни индиции за случајот. Тој истакна дека негова обврска како граѓанин, а во тоа време и како шеф на опозицијата, била комплетно да ги предаде бомбите во институција на системот, односно Специјалното јавно обвинителство.

Родителите на убиените, како што истакна Заев, заслужуваат дополнителна истрага. Но, посочи дека не смее да си дозволи како политичар да биде истражител и обвинител.

Според него, прашањето е дали може да се откријат и извршителите на убиствата кај Смилковското езеро, да се расветлат до крај кумановските настани и смртта на новинарот Никола Младенов за што во јавноста има сериозен интерес.