Нимиц: Двете страни се посветени на решение, преговорите продолжуваат

Средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас со медијаторот на ОН Нимиц во Виена 25.04.2018

Заврши средбата во Виена за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. По средбата, посредникот во спореот за името Метју Нимиц кусо изјави дека разговорите биле интензивни и охрабрувачки:

„Двете страни се многу посветени на изнаоѓање решение. Преговорите ќе продолжат во наредните недели“, изјави Нимиц.

Денешните разговори меѓу Димитров и Коѕијас траеја четири часа.