На Балканот чекаат околу 50.000 мигранти, поради што потребни се акции за координирање на работи за сузбивање илегални миграции во државите во кои сега се наоѓаат или низ кои минуваат, изјави државниот секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи Боштјан Шефиц, наведувајќи дека проценките се дека во целиот регион, вклучително и Грција, има миграциски потенцијал од околу 50.000 луѓе.
Шефиц изјавата ја даде за Словенечката телвизија, по посетите на Загреб, Белград и Тирана каде со свои колеги во изминатите два дена зборувал за состојбата и можен развој на ситуацијата.
Шефиц предупредува дека на одлуките на потенцијалните мигранти може да делуваат подобрените времснски услови за транзит, но и на некои одлуки на државите каде се наоѓаат.
„За разлика од ситуацијата во време на големата миграциска криза пред три години, сега 85 отсто бегалци бараат азил во Словенија, што е големо оптоварување, а промени се забележани и во структирата на мигранти, бидејќи најголем дел веќе не доаѓаат од Блискиот исток туку од северна Африка“, предупреди Шефиц.