Заев очекува исчекор во спорот за името

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц.

Тој по потпишувањето на годишната програма за вработување, порача дека верува во двајцата министри, а и тој самиот е оптимист за решавање на прашањето.

„Има напредок кој ни дава причина да направиме исчекор и на денешната средба во Виена. Европскиот однос, преку дијалог, да се изнаоѓаат решенија, ја испраќа пораката за добра идината“, нагласи Заев.