Заев очекува датум за преговори со ЕУ во јуни

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев пред Комисијата за европски прашања во Собранието на која се расправаше за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија денеска изјави дека владата ја продолжила и ја интензивирала реформската динамика. Тој порача дека со досегашните напори успеале да ја убедат Европската комисија дека Македонија заслужува почеток на претпристапни преговори.

„Со целата наша енергија, знаење, искуство, интензивна работа и политичка волја, ајде заедно да ги убедиме и државите членки на ЕУ, дека заслужуваме почеток на преговорите за членство во ЕУ и дека сме подготвени да фатиме чекор со државите од регионот коишто веќе преговараат“, рече Заев.

Тој порача дека очекува Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни .