Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Тирана ја почнува турнејата по Западен Балкан во текот на која до 27 април ќе ги посети и Подгорица, Белград, Приштина, Сараево и Скопје. Како што е соопштено во Брисел, Туск ќе упати порака дека Европската унија и останува најсигурен партнер на целиот регион и оти мајскиот самит на 17 мај во Софија ќе ја потврди европската перспектива на регионот.