Ерменскиот премиер Серж Саркисјан поднесе оставка од функцијата, која беше објавена на неговата веб страна. Неговата оставка доаѓа за време на протестите на опозицијата и неколку часа по ослободувањето од притвор на лидерот на опозицијата Никол Пашинијан.
Опозицијата единаесет денови по ред протестира за повлекување на Саркисјан од функцијата. Саркисјан беше избран на функцијата од ерменскиот Парламент на 17 април откако отслужи два мандати како шеф на државата. Неговиот наследник Армен Саркисјан, положи заклетва на претседателската функција на 9 април.