Полицијата поднесе кривична пријава против 40-годишен полицаец од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Како што информира МВР, на 19 овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.
На полицаецот му е одреден притвор, а ќе биде суспендиран од работа до завршување на постапката.