Македонија е кандидат за членство во ЕУ, но поради проблемот со името не може да стане членка. Како Полска гледа на проширувањето на Унијата?
Ставот на Полска во однос на прашањето за проширувањето на Европската унија е дефинитивно тој дека ние сметаме оти сме промотор на политиките на проширувањето, еден од повеќето промотори во ЕУ за идејата на проширувањето. Сметаме дека има место за земјите од Западен Балкан во ЕУ и тој процес не треба да биде запрен. Затоа ние ја почитуваме вашата вредна работа и исто така се обидуваме да ја промовираме оваа идеја и сега трендот во ЕУ е доведување на стабилност, економски развој, зголемување на животниот стандард. Истовремено, станува збор за безбедност и ние ова прашање многу го цениме. Од сето тоа имаме голема корист, сакаме земјите од Западен Балкан да имаат корист од овој процес и ја поддржуваме вашата и нивната улога во насока да станете членка на ЕУ.
Kолку ризиците од засиленото руско влијание на Балканат придонесуваат ЕУ и САД повеќе да се заинтересираат за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција?
Може да кажеме дека Русија извршува многу агресивна политика кон Западот и нејзините обиди се со цел промена на меѓународниот поредок, неземајќи ги во предвид меѓународните обврски. Истовремено, сакам да потенцирам дека ние како земја членка на ЕУ и НАТО сакаме да имаме прагматични односи со Русија, да имаме дијалог, но истовремено да го почитуваме меѓународното право. Она што се случува сега во насока на односите меѓу Република Македонија и Грција, исклучително е важно како тие ќе се развиваат за идната стабилност на земјата и на регионот. Разбирам дека не сите земји членки на НАТО се заинтересирани да кажат Македонија и направени се некакви обиди за запирање на овој процес, но оваа можност која можеме да ја видиме во моментов за решавање на прашањето за името е важна, а ЕУ и НАТО треба тоа да го искористат.
Дали членството во НАТО е гаранција за отстранување на безбедносните закани?
Одговорот е многу едноставен. Ние сметаме на НАТО, Полска е земја членка на НАТО која во моментов издвојува два проценти од БДП за буџетот за одбрана. Силите на НАТО остануваат во Полска и ние НАТО го сметаме за гарант на нашата стабилност и безбедност. Во оваа насока сакам да ја потенцирам важноста на САД како важна членка на семејството.
Целото интервју со Амбасадорот на Полска во Македонија,Јацек Мултановски, може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.