Грчки медиуми јавуваат за средба на Димитров, Коѕијас и Нимиц на 25 април

Шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц

Нова средба на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц ќе се одржи на 25 април во Виена, јавија грчки медиуми. Се уште нема официјална потврда или демант за средбата. Медиумите објавуваат дека многу веројатно е новите разговори да се однесуваат на временскиот период за решавање на спорот за името.

Коѕијас за време на посетата на Охрид истакна дека со Димитров ќе оствари средба на 3 и 4 мај во Солун, како и една недела подоцна во Сунио, кое се наоѓа на 70 километри од Атина и каде се одржува конференција за иднината на Европа.