Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ѝ го честиташе на Македонија добивањето чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.
Тој рече дека честитка упатил преку Твитер и потсетил дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.
„Работиме со делегацијата на ЕУ во Македонија на реформиските процеси и ќе продолжиме да го правиме тоа, на реформите за влаеењето на правото, за медиумите и за јавната администрација. Заеднички работиме на евроатлантските интеграции на Македонија“, изјави Бејли.