САД со поддршка за евроинтеграциите на Македонија и решавање на името

Зградата на американскиот Стејт департмент

Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека дава безрезервна поддршка за евроатлантската иднина на Македонија по добивањето на препорака за отпочнување на преговори со ЕУ.

„Со Владата работиме на спроведување на судските реформи и владеењето на правото, слободата на медиумите и одговорно владеење. САД остануваат верен пријател и партнер на Македонија и ја подржуваме евроатлантската иднина на земјата“, наведуваат за МИА од Стејт департментот.

САД посочуваат и дека очекуваат разрешување на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

„Ги охрабруваме двете земји да демонстрираат потребна флексибилност и креативност за да се најде заеднички прифатливо решение во интерес на безбедноста, економскиот развој и мирот во регионот“, истакнуваат од Стејт департментот.