Могерини: За десет месеци направивте голем чекор кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев.

Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративе назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа,изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

Могерини рече дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро, што се однесува за спорот за името и најавите од Грција дека не може да се реши спорот до јуни.

Таа рече дека засега не може да предвиди што би се случило до Самитот , но дополни дека има уште два месеци.

Премиерот Зоран Заев рече е убиден дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Рече дека ако во мај се изнајде решение ќе има време за сѐ.

Тој вели дека сега е добро време за да се реши спорот со Грција.

Могерини истакна дека добиената препорака од Европската комисија е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата и сите граѓани на Македонија.

"Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекор и да ја преземат одговорноста за тоа", порача Могерини

Премиерот Заев истакна дека по спроведените реформи, Договорот за добрососедство со Бугарија, на добар пат сме да го решиме и отвореното прашање со Грција. Побара од ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата продолжува со потрените реформи. Очекува датум за почеток на преговорите во јуни годинава. Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија