Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247 изјави дека е очигледно оти Македонија во јуни нема да влезе во НАТО. Според него, за да се ратификува евентуален договор за името ќе треба да поминат многу процедури, најпрвин спроведување на референдум, а потоа и негово усвојување во Собранието и тоа ќе трае до есен.
Во однос на преговорите тој посочи дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.
Во однос на предлозите Коѕијас истакна дека е отфрлено името „Република Македонија (Скопје)“, при што Грција и оставила простор на земјата да ја одбере одредницата, која, според него, ќе треба да е и за внатрешна употреба. Тој притоа категорично ја отфрли можноста за постигнување на договор без промени на Уставот и ерга омнес.