Алиев го почна четвртиот претседателски мандат

Илхам Алиев

Авторитарниот лидер Илхам Алиев положи свечена заклетва на неговиот четврт мандат како претседател на Азербејџан по лесна победа на изборите кои беа бојкотирани од страна на опозицијата и критикувани од меѓународните набљудувачи. 56 годишниот Алиев стана шеф на државата во 2003 година пред смртта на неговиот татко.

Централната изборна комисија соопшти дека Алиев освоил 86,1 процент од гласовите на изборите на 11 април и со тоа обезбеди нов мандат во траење од 7 години. Меѓународни набљудувачи соопштија дека на изборите имало сериозни нерегуларности и недостасувала вистинска конкуренција.