Поранешната прва дама на САД Барбара Буш почина на 92 годишна возраст, соопшти канцеларијата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД Џорџ Буш. Тие беа во брак 73 години, а госпоѓа Буш беше една од двете први дами на САД која беше мајка на претседател Џорџ Буш помладиот. Другата беше Ебигејл Адамс, сопруга на Џон Адамс и мајка на Џон Квинси Адамс.