Властите во САД воведоа нови санкции за кинеската компанија „ЗТЕ“. Според објавената одредба на американското министерство за трговија, „ЗТЕ“ нема да има право да купува компоненти од американски добавувачи во текот на следните седум години. Оваа санкција може да има исклучително тешки последици за кинеските уреди, откако, на пример, тие нема да можат да ги користат процесорите на „Куалком“.
Спорот меѓу „ЗТЕ“ и САД трае уште од 2016 година, кога компанијата беше санкционирана за кршење на санкциите против Иран. Компанијата „ЗТЕ“ се изјасни за виновна и плати парична казна од 1,19 милијарди долари. Во рамки на договорот таа требаше да отпушти четворица високи функционери и да бидат казнети уште 35 лица. Токму неказнувањето на групата од 35 вработени, кои останале и понатаму на работа во компанијата, довела до сегашната одлука.