Франција против проширување на ЕУ додека не се спроведат реформите

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија не треба да прима нови членки додека не се продлабочи интеграцијата и не бидат спроведени потребните реформи. Тој во говор во Европскиот парламент порача дека сака земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ, но, според него, времето за нивното членство се уште не е дојдено.

Макрон истакна дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, но во услови на тешко функционирање на ЕУ, како што наведе, за сите земји треба да важат истите правила.