Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот.
„Ако не се отвориме за државите од регионот, кој е многу сложен и трагичен, и ако не им дадеме европска перспектива, ризикуваме нова војна како што видовме во 90-тите години“, изјави Јункер пред Европскиот Парламент.
ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за зачленување во Европската унија.