Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека заедничките воздушни удари на САД, Британија и Франција во Сирија претставувале „одмазда, а не чин на војна“, откако сојузниците добиле доказ дека власта на сирискиот претседател Башар ал Асад користела хемиско оружје против сопствениот народ. Тој додаде дека западните сојузници имале „целосен меѓународен легитимитет за интервенција“ во Сирија, бидејќи нападите биле поврзани со примената на меѓународното хуманитарно право. Макрон наведе дека Западот морал да интервенира без одобрување на ОН поради константната блокада на Русија во Советот за безбедност.